Лига на шампиони со Бетадриа: Препородениот Интер на тешко гостување кај Барса

by
1 минути читање

По кратката пауза следува второто коло од Лигата на шампионите кое носи нови возбудувања на терените ширум Европа, се играат неколку интересни дуели.

Дерби мечот во вторник се игра во Лондон, каде Тотнем ќе го пречека Баерн Минхен, Спарси ќе ја бркаат првата победа, а Баварците ќе одат по можеби трите клучни бода за првото место во групата. Манчестер Сити ќе го пречека Динамо Загреб кој во првото коло ја наполни мрежата на Аталанта. Хрватскиот клуб порано служеше за поправање на гол разликата, но тоа сега како да е сменето. Вистинскиот тест им е вечерва против англискиот шампион.

Реал Мадрид по дебаклот во Париз сега нема право на кикс против Клуб Бриж, овој меч се игра во невообичаен термин за кралскиот клуб, тие ќе бидат домаќини од 18:55 часот. Интересно ќе биде и во Белград каде Црвена звезда ќе го пречека Олимпијакос, дуел на црвено-бели пријателски екипи.

Сепак најинтересниот дуел од ова коло во Лигата на шампионите е во среда кога Барселона ќе го пречека Интер. Нероазурите под водство на Конте имаат фуриозен старт на сезоната во Серија А со шест победи од шест натпревари. За да видат колку навистина се силни, меч со Барса на Камп Ноу е повеќе од идеален. 

Во среда се очекува и првиот старт во Лигата на шампионите на нашиот Елиф Елмас. Наполи му гостува на Генк, а италијанските медиуми прогнозираат дека македонскиот фудбалер ќе го почне мечот.

BetAdria.com Ви нуди одлични коефициенти и голем број на различни обложувања за секој натпревар. Уживај во фудбалот и прави пари со BetAdria.com!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани