Биелса како никој друг: Во репрезентацијата на Уругвај повика аматер

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот аргентински стратег Марсело Биелса често пати се наоѓал во центарот на вниманието поради својата филозофија, а низ кариерата се стекна и со прекарот „лудак“. Зошто ја носи таа „титула“ покажува и неговиот последен потег како селектор на Уругвај.

Некогашниот тренер на Езгјан Алиоски од времето додека македонскиот репрезентативец го носеше дресот на Лидс во селекцијата на Уругвај повика аматер.

Во прашање е 24-годишниот Валтер Домингез кој го носи дресот на Хувентус де Сориано, клуб кој се натпреварува на аматерско ниво.
Домингез во актуелната сезона постигна дури 38 голови на 19 натпревари, а кога ќе се погледнат последните 39 натпревари има неверојатни 57 погодоци. Иако се натпреварува на аматерско ниво таквите бројки беа доволна причина Биелса да го повика во селекцијата.

Меѓутоа треба да се каже и дека Биелса е принуден да бара нови решнија за пријателскиот натпревар со Костарика на 31. мај бидејќи неколку фудбалери од екипите на Насионал, Пењарол, Ливерпул, Расинг и Данубија се надвор од конкуренција поради настапите за своите клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани