Ливерпул се подготвува за нов голем ремонт на тимот. По заминувањето на Мохамед Салах и Ендру Робертсон, клубот следното лето би можел да остане и без Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер, на кои им истекуваат договорите.
Поради тоа, управата разгледува неколку опции, а дел од промените би можеле да започнат уште во зимскиот преоден рок. Најголемо внимание привлекува можниот камбек на Трент Александер-Арнолд. Англискиот репрезентативец, кој го напушти Ливерпул и се пресели во Реал Мадрид, не е задоволен од минутажата кај Жозе Мурињо. Негово враќање во матичниот клуб би можело да се реализира уште во јануари.
Ливерпул за враќањето на поранешниот миленик на навивачите размислува и поради тоа што Џереми Фримпонг не се снајде најдобро по пристигнувањето во клубот. Александер-Арнолд одлично го познава Ливерпул, а неговата креативност и квалитетните додавања би можеле да бидат од голема корист во системот на тренерот Андони Ираола.
Второто име на списокот е 23-годишниот англиски играч за врска Алекс Скот, кој настапува за Борнмут. Ливерпул подолго време го следи неговиот развој, а и овој трансфер би можел да се реализира во зимскиот преоден рок. За тоа, сепак, клубот најверојатно ќе треба да издвои повеќе од 100 милиони евра.