Турските медиуми пишуваат дека поранешниот тренер на Галатасарај, Хамза Хамзаоглу почнал преговори за да биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.
Македонија имаше очајно издание во Лигата на нации, шест порази од исто толку натпревари со само еден даден гол. Гоце Седлоски во десет меча како селектор нема ниту една победа, осум порази и две нерешени средби. Па неговото столче се тресе.
Веќе зачестија шпекулациите со имиња за нов селектор на Македонија, а последното доаѓа од Турција.
Турските медиуми пишуваат дека Хамза Хамзаоглу би можел да биде нов селектор на Македонија.
Тој е поранешен тренер на Галатасарај, таму работеше токму во периодот кога Горан Пандев играше за овој клуб.
Турците тврдат дека Хамзаоглу веќе почнал преговори за селекторската позиција на нашата репрезентација.