Чеферин допатува во Скопје, ќе го гледа натпреварот на Македонија и Словенија

by Стефан
1 минути читање

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, вечерва ќе биде специјален гостин на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и ќе го следи натпреварот меѓу Македонија и Словенија, последен за двете селекции во групната фаза од Лигата на нации.

Чеферин денеска пристигна во Македонија, а неговото присуство на вечерашниот дуел го потврди претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Омерагиќ на социјалните мрежи објави дека првиот човек на европскиот фудбал е во приватна посета на Македонија и ФФМ, по негова лична покана.

„Некои гости не доаѓаат само во посета, туку се враќаат затоа што имаат причина да се чувствуваат добредојдени. Големо задоволство е повторно да го пречекам претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој на моја покана престојува во приватна посета на Македонија и ФФМ.

Вечерва заедно ќе го следиме дуелот Македонија – Словенија. На теренот секој за своите, надвор од него, повеќе од пријателство. Добредојде повторно, Александар. Македонија е секогаш добар избор! Посебно, денеска“, напиша Омерагиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра вечерва со почеток од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×