Седлоски: Со офанзивна игра до победа против Словенија

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра последниот натпревар од Лигата на нации, селекторот Гоце Седлоски е оптимист дека конечно може да дојдеме до поволен резултат.

Македонија има пет порази на претходните пет натпревари и само еден даден гол, Словенија ни е последна шанса да не ја завршиме групата без освоен бод.

„Против Шкотска покажавме дека можеме да се носиме и со такви репрезентации, резултатот не е заслужен, покажавме во последните 20 минути дека можеме. Словенија е една компактна екипа која добро се брани, има добра транзиција, на тоа треба да внимаваме. Треба да појачаме ритам, мислам дека дечките утре ќе бидат спремни да покажат карактер, сите очекуваме да стигнеме до тие три бода“, вели Седлоски.

„Ние треба да се гледаме сами себе како ќе настапиме. Нека биде отворен натпревар со многу шанси и нека победи подобриот. Подготвени сме, можеби ќе има 2-3 промени во тимот поради умор, но кој и да излезе на теренот ќе даде максимум. Дечките полека ме сфаќаат што барам, ќе биде подобро“.

„Мора да тргнеме поофанзивно. Мечевите кои ги игравме на страна, покажавме дека создаваме шанси. Кога ќе имате 2-3 шанси мора да ги искористите, во спротивно следува казна. Словенија е добра екипа, добро се бранат, ја гледав против Швајцарија. Вечер по тренингот ќе одлучам за стартниот состав, можеби ќе има некои промени, но ќе одлучам по тренингот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×