Трагедија: Почина фудбалерот кој вчера во Шпанија имаше жесток судир со голман! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Тажни вести пристигнуваат од Шпанија. Фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел, почина на 30-годишна возраст, откако не успеа да се избори за живот по тешкиот инцидент на вчерашниот натпревар од шпанската Втора лига.

Неговата смрт ја потврдија од клубот преку социјалните мрежи, објавувајќи емотивна порака во која истакнаа дека се скршени од болка и сè уште не можат да поверуваат во трагичната вест.

Состојбата на напаѓачот нагло се влошила во текот на ноќта. Околу 5 часот утринава, Тенерифе соопшти дека дошло до влошување на неговата невролошка состојба. Де Мигел бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“, но, за жал, лекарите не успеале да му го спасат животот.

Клубот ја објави и пораката од семејството на починатиот фудбалер, кое им се заблагодари на сите за поддршката и сочувството, но воедно побара приватност во овие исклучително тешки моменти. Трагичниот настан се случи во 97. минута од дуелот меѓу Тенерифе и Андора, при резултат 2:2. Голманот на гостинскиот тим, Хесус Овоно, истрча далеку од својот шеснаесетник и со колено силно удри во Де Мигел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×