Седлоски го избра составот за Шкотска и Словенија: Еден дебитант и неколку повратници!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари против Шкотска и Словенија во Лигата на нации.

Македонија на 13 ноември ќе гостува кај Шкотска, додека во вториот натпревар на 16-ти ќе ја пречека селекцијата на Словенија.

Најголемото изненадување на списокот е напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, кој за првпат доби повик во сениорската репрезентација. Во националниот тим се враќаат Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.

Списокот на повикани фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);

Одбрана: Никола Серафимов (Левски, Бугарија), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Имран Фетаи (Динамо Букурешт, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Марко Ѓорѓиевски (Шкендија), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×