6
Дарко Чурлинов беше стрелец на голот за Погон во поразот на овој тим на гостувањето кај Раков од 3-1.
Погон е тим кој цели на највисоките позиции. Како трет на табелата го почна 13. коло, но тоа се покажа како баксузно за тимот. Пораз на гостувањето кај Раков кој благодарение на оваа победа веќе не е на последната позиција.
По една одлична акција, Чурлинов постигна гол уште во петтата минута за водство на Погон од 1-0.
Во второто полувреме тимот за кој игра Македонецот прими три гола и го загуби мечот.
За Чурлинов ова беше четврти гол оваа сезона.
Голот на Чурлинов може да го видите на овој ЛИНК.