Стефан Ристиќ повторно ја израдува Македонија!

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја забележа и втората победа на квалификацискиот турнир кој се игра во Трабзон, овојпат го победивме Сан Марино со минимални 1-0, Стефан Ристиќ повторно беше нашиот херој.

Македонија во првото коло ја совлада Унгарија со 3-2, во тој меч сите три гола беа дело на Ристиќ, а напаѓачот кој е дел од младинскиот погон на Партизан и денеска донесе победа.

Ристиќ погоди во 58. минута за победа на Македонија од 1-0 над Сан Марино и шест бода на табелата.

Во вториот денешен дуел ако Турција ја победи Унгарија, тоа значи дека ќе завериме едно од првите две места уште на коло пред крајот.

Првите две екипи од групата одат во елитната квалификациска рунда за Европското првенство 2027.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×