Словенија ни е последна шанса да не завршиме без бодови!

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ игра со Словенија меч од последното коло од групната фаза во Лигата на нации.

Минаа пет натпревари, ги загубивме сите, од денешниот меч против Словенија ќе зависи дали групната фаза ќе ја завршиме без бод на контото или ќе освоиме нешто.

Во негативна серија сме, но ако бараме момент за оптимизам, тоа е голот во Глазгов кој го постигна Растодер со кој го прекинавме постот од 844 минути без погодок.

Словенија во Скопје пристигна значително ослабена, без дел од најдобрите фудбалери, но ќе го дадат максимумот за да ги освојат бодовите кои им се потребни во борбата за второто место на табелата.

Традицијата е на страната на Македонија, имаме осум меѓусебни дуели со Словенија, а половина од нив завршиле со наша победа, на два дуели немало победник, имаме два порази.

Гоце Седлоски на располагање ќе ги има сите фудбалери, нема повредени, селекторот ќе може да го скрои најдобриот стартен состав.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×