На ФИФА ѝ се допадна американската пракса од овој Мундијал – ќе ја користи и на наредниот!

by Стефан
1 минути читање

ФИФА во документите за продажба на ТВ-правата за Светското првенство во 2030 година им нуди на телевизиите можност за емитување реклами за време на паузите за освежување, што е јасен показател дека триминутните прекини би можеле да останат, пишува „Гардијан“. Од ФИФА тврдат дека конечната одлука сè уште не е донесена.

Триминутните паузи на средината од секое полувреме за првпат беа воведени на сите 104 натпревари на претстојното Светско првенство, кое летово ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

ФИФА ги претстави како мерка за заштита на здравјето на фудбалерите, но најголема корист од нив имаат телевизиите, особено американските носители на ТВ-правата Fox Sports и Telemundo.

Според британскиот весник, во тендерската документација до телевизиите се наведени и можните паузи, како и комерцијалните придобивки од нив. Во документите се споменуваат и паузите за „ладење“ (cooling breaks), кои ги применува УЕФА. Играта се прекинува од 90 секунди до три минути кога температурата на теренот ќе достигне 28 степени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×