Oфицијално: Карлес Пујол му се врати на фудбалот!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот поранешен шпански репрезентативец Карлес Пујол доби нов ангажман. 48-годишната икона на Барселона ќе се приклучи на Интер Клуб д’Ескалдес од Андора.

Пујол така се враќа во фудбалот по 2015 година и краткиот ангажман во Барселона, клубот во кој ја помина целата своја играчка кариера. Каталонскиот клуб повторно го контактираше во 2019 година, нудејќи му функција спортски директор, но тој тогаш ја одби понудата.

Поранешниот врвен дефанзивец живее во Андора од 2022 годин а неговиот поранешен соиграч од стоперскиот тандем, Жерар Пике, наводно му понудил ангажман во ФК Андора, клубот кој се натпреварува во шпанската Сегунда, но Пујол се одлучил за Интер.

„Карлес Пујол се приклучи на нашата организација како директор за односи и меѓународен фудбал. Неговото пристигнување претставува нов чекор во институционалниот развој на клубот“, соопшти Интер во официјалното известување, во кое ја објави и неговата нова функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×