Францускиот офанзивец, Мајкл Олисе е пред нов договор со германскиот гигант, но откупната клаузула од 200 милиони евра може да ги закомплицира преговорите.
Иако летниот трансфер-период е завршен, иднината на Олисе и понатаму е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност. Францускиот репрезентативец се наметна како еден од најинтересните офанзивни фудбалери во Европа, но сè уште не е извесно колку долго ќе остане во Баерн Минхен.
Според последните информации, Олисе е подготвен да ја прифати понудата на баварскиот гигант за нов договор, со кој неговата годишна плата би се зголемила од 14 на 25 милиони евра. Со тоа би станал најплатениот фудбалер во тимот, пред Џамал Мусијала и Хари Кејн.
Сепак, финансиските услови не се единственото прашање што треба да се реши. Наводно, Олисе има амбиција да ја освои „Златната топка“ и верува дека настапите за Реал Мадрид би можеле да му помогнат полесно да стигне до најголемото индивидуално признание во фудбалот.
Токму затоа, важен дел од преговорите е откупната клаузула во неговиот нов договор. Баерн, според медиумските информации, е подготвен да вклучи таква опција, но со отштета од дури 200 милиони евра.
Оваа сума, сепак, наводно е превисока за Олисе и неговите застапници, кои би сакале клаузулата да биде поставена на пониско ниво. Од друга страна, германскиот клуб нема лесно да се откаже од своите финансиски барања, особено ако станува збор за еден од најважните играчи за иднината на тимот.
Во меѓувреме, Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата и би можел да се обиде да го доведе Французинот уште следното лето.