Бурно е во Неапол: Лука на терен го опцу Де Брујне! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Наполи вчера во Лигата на шампионите загуби од Порто со 4-1, а внимание привлече и жестоката расправија меѓу Лоренцо Лука и Кевин Де Брујне среде натпреварот.

Како што пишува „Кориере дело Спорт“, искусниот белгиски играч од средниот ред во еден момент му забележал на Лука за неговото движење на теренот. Младиот напаѓач не останал должен, па го прашал Де Брујне зошто воопшто му се обраќа, а потоа, според она што може да се прочита од снимката, дури трипати го опцул.

Ова не е единствениот показател за нервозата во соблекувалната на Наполи. Матео Политано по натпреварот за „Скај Спорт“ се обиде да ја смири ситуацијата и да испрати порака на единство.

„Секогаш застанувам зад сè и ја преземам одговорноста. Ова не е напад кон никого. Ние сме со тренерот, но ни е тешко“, изјави италијанскиот репрезентативец.

Проблемите за Наполи дополнително ги зголемуваат и повредите, а тимот веќе во следното коло од Серија А го очекува нов сериозен предизвик., дуел со лидерот Лацио, на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×