Oфицијално: Галијани влегува во трка за прв човек на италијанскиот фудбал!

by Стефан
1 минути читање

Адријано Галијани, поранешниот близок соработник на легендарниот Силвио Берлускони и еден од најзаслужните за успесите на Милан во неговата ера, официјално ја поднесе кандидатурата за претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ).

На изборите, кои ќе се одржат на 14 декември во Рим, негов противкандидат ќе биде Џовани Малаго, актуелниот комесар на Сојузот.

Според информациите на италијанските новински агенции АНСА и „Италпрес“, кандидатурата на Галијани ја доставил неговиот делегат. Поддршка за неговата кандидатура дадоа Здружението на италијански фудбалери (АИЦ) и Здружението на италијански тренери (АИАЦ).

Од друга страна, Малаго својата кандидатура ја поднесе во вторникот, а зад него застанаа 11 клубови од Серија А.

Изборите се распишани откако досегашниот претседател Габриеле Гравина поднесе оставка. Неговото повлекување следуваше неколку дена по болната елиминација на Италија од Босна и Херцеговина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×