Официјално: Кејн стави потпис на нов договор со Баерн Минхен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Последниот освојувач на „Златната топка“, Хари Кејн, потпиша нов договор со Баерн Минхен според кој ќе остане во германскиот клуб до 2029 година.

Најавите се остварија, Кејн ја продолжи соработката со Баерн. Клубот утринава официјално потврди дека Англичанецот и во наредните години ќе го носи дресот на Баварците.

„Многу сум горд што сум дел од Баерн, го сакам овој клуб, фановите, Алијанц Арената. Имаме фантастичен тим и Винсент Компани е фантастичен тренер. Горд сум што продолжувам тука“, рече Кејн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×