Реал Мадрид со 3-2 го победи АЕК во Атина, капитенот Валверде беше херојот на кралскиот клуб, со истиот резултат Фенербахче на домашен терен беше подобар од Ливерпул.
Гостувањата на Реал Мадрид во Грција отсекогаш биле тешки, пред овој меч кралскиот клуб од девет настапи во оваа земја имаше само една победа. Тешко беше и на овој натпревар, кој за среќа на шпанскиот гигант заврши победнички.
АЕК беше подобар на почетокот, во 12. минута поведе преку Коита.
Откако го прими голот, Реал Мадрид тргна многу посериозно, таквата игра им донесе израмнување во 32. минута со мајсторски гол на Белингем.
Во второто полувреме АЕК играше многу дефанзивно, Реал се мачеше да пробие. Но, грчкиот тим по еден одличен против напад, даде гол во 75. минута преку Пило и повторно поведе, овојпат со 2-1.
Израмнувањето овојпат стигна ептен брзо, само три минути подоцна Мбапе израмни на 2-2.
Се очекуваше дека овој меч ќе заврши нерешено, но тогаш Валверде си вистинска бомба од далечина донесе победа за Реал Мадрид, тоа беше 92. минута од мечот.
Супер интересно беше и во Истанбул каде Фенербахче со 3-2 го победи Ливерпул.
Гостите од Англија поведоа со гол на Ниони во 25. минута, но само четири минути подоцна Фенер израмни со гол на Гринвуд.
Во 69. минута Исак му донесе ново водство на Ливерпул, но пак следуваше брзо израмнување. Браун даде гол во 73. минута за 2-2.
На крилјата на публиката Фенербахче го искористи моментумот и шест минути подоцна Муриќи постигна гол за победа на турскиот тим од 3-2.