Италијанскиот фудбалски хит во последните години, Комо, одигра уште еден меч за паметење, овојпат го победи Ленс на негов терен со неверојатни 9-1, Порто со 4-1 славеше против Наполи.
Момците на Сеск Фабрегас не престануваат да импресионираат. Вечерва одиграа меч со луд резултат, дури девет пати ја тресеа мрежата на Ленс пред неговите навивачи.
Довикас постигна хет-трик, по еден гол дадоа Паз, Да Куња, Кемф, Либерали, Батурина и Папакиоли.
Наполи со 1-4 загуби на гостувањето кај Порто. Се зголемува притисокот врз Масимо Алегри кој се чини е на излезна врата.
Интересен беше мечот меѓу Лајпциг и Манчестер Сити кој го доби англискиот тим со 2-3. Победата ја донесе Халанд со гол на десетина минути пред крајот.
Арсенал со 2-1 победи на гостувањето кај Славија во Прага, а со истиот резултат Борусија во Дортмунд го совлада Бетис.
До триумф со 2-1 дојде и Клуб Бриж на гостински терен кај ПСВ, а Викинг со 4-1 беше подобар од Сабах.