Европската куќа на фудбалот денеска и официјално одобри враќање на публиката на стадионите.
Суперкупот кој се одржа во Будимпешта беше тест за враќање на навивачите и беше успешно положен.
Според УЕФА, стадионите ќе можат да се полнат до одреден степен, не со цел капацитет, но клучната одлука ќе ја има и власта која ги одредува мерките во зависност од ситуацијата со коронавирус во државата.
Во Македонија на сила уште е одлуката за забрана на присуство на публика на спортските натпревари, тоа значи дека мечот со Косово ќе го играме пред празни трибини.
NEWS: Following the successful pilot match that was held at the #SuperCup in Budapest on 24 September, UEFA will allow the partial return of spectators for UEFA matches where local laws permit, starting from next week’s national team games.
Full story:
— UEFA (@UEFA) October 1, 2020