Мечот меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед заврши нерешено 2-2, три погодоци беа постигнати во самиот финиш, а гостите може да жалат што не дојдоа до трите бода.
По мирното прво полувреме, дури четири погодици беа постигнати во вториот дел.
Беа потребни само неколку секунди во второто полувреме за Мбеумо да даде гол за водство на Јунајтед од 1-0.
Течеше 83. минута кога Џорџ постигна гол за израмнување на 1-1.
Пет минути подоцна Шешко постигна гол и се чинеше дека Манчестер Јунајтед сепак ќе победи, но не беше така.
Во 96. минута Маитланд-Најлс постигна гол за конечни Евертон – Манчестер Јунајтед 2-2.