Првенец за Лука Станковски во Украина! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Лука Станковски имаше значаен придонес во победата на Колос Коваливка од 2-0 над Верес Ривне, во рамките на 10. коло од украинската Премиер лига.

Колос ја најави победата уште во првото полувреме, кога Антон Салабај во 14. минута ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0. Во продолжението на натпреварот, на сцена стапи и македонскиот интернационалец. Станковски во 53. минута постигна гол за зголемување на предноста на 2-0, со што го постави и конечниот резултат на средбата.

За Станковски ова беше прв погодок во дресот на Колос Коваливка, откако претходно во тековната сезона веќе запиша и една асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×