Црвена звезда со 2-1 го доби вечното дерби против Партизан кој водеше, но на крајот загуби, сите три голови беа постигнати во првото полувреме.
Нашиот Матеј Гаштаров го одигра целиот натпревар за Црвена звезда и беше еден од најдобрите на теренот.
Дербито почна исклучително возбудливо. По само неколку секунди игра Партизан поведе на „Рајко Митиќ“ со гол на Же. Тоа беше најбрз гол во историјата на дерби натпреварите меѓу овие две екипи.
Но, не помина долго, Диенг во 17. минута изедначи на 1-1. Црвена звезда се врати во егал.
Десетина минути подоцна беше досуден пенал по фаул врз Гаштаров. Сигурен од белата точка беше Иваниќ за комплетен пресврт и водство на Звезда од 2-1. Тоа на крајот се покажа и како конечен резултат.