Манчестер Сити потешко од очекувањата дојде до трите бода против Ковентри, победи со 1-0 со гол на Халанд, Тотнем и во третото коло не победи, но овојпат барем не загуби, одигра без голови на мечот против Нотингем форест на гости.
Со гол на Халанд во 26. минута по асистенција од Семењео, Манчестер Сити дојде до победата.
Но, не беше лесно, Џиџо Донарума имаше и одлични интервенции со кои спаси израмнување.
Тотнем одигра 0-0 на гостувањето кај Нотингем Форест. Тимот на Де Зерби никако да дојде до победа. Ова за нив беше прв бод.
Три порази нареди Фулам со Арбелоа, денеска загуби на свој терен во лондонскиот дуел против Кристал Палас. Конечниот резултат беше 2-3.
Брајтон и Лидс одиграа 1-1, исто какои Брентфорд и Сандерленд. Претходно нерешено заврши и мечот меѓу Њукасл и Борнмут, но таму имаше по еден гол повеќе 2-2.