Во меч со шест гола, Милан ја победи Славија Прага (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Милан од 26. минута играше со фудбалер повеќе против Славија Прага откако Диуф доби црвен картон поради опасен старт.

Жиру донесе водство во 34. минута, но само две минути подоцна Дудера изедначи на 1-1.

Во 44. минута Реиндерс постигна фантастичен гол од далечина за 2-1 за Милан, а веднаш потоа Лофтус Чик реализираше за 3-1.

Славија Прага не се предаваше и покрај тоа што беше со фудбалер помалку. Во 65. минута Шранц намали на 3-2.

Во 85. минута фантастичен продор на Леао кој шутна во голот, но погодокот му го украде Пулишиќ кој ја допре топката пред таа да влезе, конечни 4-2.

Фрајбург на домашен терен славеше над Вест Хем со 1-0. Марсеј беше убедлив против Виљареал победувајќи со 4-0. 

Мечот меѓу Бенфика и Ренџерс заврши нерешено 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани