Њукасл го исфрли Манчестер Сити од Лига Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Њукасл ја пренесе добрата форма и против актуелниот шампион во Англија и Европа, Манчестер Сити.

Единствениот гол на мечот беше дело на Исак во 53. минута. 

Челси конечно се израдува на победа. Со гол на Џексон во 51. минута го совлада Брајтон.

Лестер водеше со 1-0 на Енфилд против Ливерпул со гол на Мекатир, така заврши првото полувреме.

Во вториот дел црвените дадоа три гола и го добија мечот, Гакпо, Собослаи и Диего Жота беа стрелци на головите.

Арсенал со гол на Нелсон уште во осмата минута, победи со 1-0 на гостувањето кај Брентфорд.

Во другите денечни мечеви од Лига Купотт на Англија: Астон Вила – Еверон 1:2, Блекбурн – Кардиф 5:2, Борнмут – Стоук 2:0, Фулам – Норич 2-1, Линколн – Вест Хем 0:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани