Германците изненадени: Тен Хаг може да биде новиот тренер на Баерн?!

by Стефан
1 минути читање

Кога Баерн во февруари објави дека Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот од сезоната во медиумите веднаш започнаа лицитација околу имињата за негов наследник. Голем број тренерски имиња се поврзуваа со Баерн, но засега гигантот од Минхен со никого не успеа да се договори.

Последен во низата кој ги одби беше Зинедин Зидан кој со изјава потврди дека никогаш не бил заинтересиран за клупата на Баерн.

„Не, нема да бидам тренер на Баерн. Ќе го гледам натпреварот со Реал Мадрид и се надевам дека Реал ќе победи, но тоа ќе биде тежок и комплициран натпревар“, изјави Французинот алудирајќи на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите.

Претходно Баерн го одбија Чаби Алонсо и Ралф Рагник, Де Зерби исто така најави дека би останал во Брајтон. Во таква ситуација се појави едно изненадувачко име – Ерик Тен Хаг.

На холандскиот стратег не му оди во Манчестер Јунајтед, а сега „Скај Спорт“ пренесува дека не би било чудно ако седне на клупата баварците.

Баерн оваа година остана без титулата во Бундеслигата по 11 години, елиминирани беа од Купот на Германија, па така Лигата на шампионите каде што се во полуфинале против Реал Мадрид им е единствена шанса за трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани