Флик отвори Инстаграм и веднаш стана хит – следи само 27 профили!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, отвори официјален профил на Инстаграм и за помалку од 24 часа собра речиси еден милион следбеници. На германскиот стратег му беа потребни само еден час за да стигне до 283.000 следбеници, а нивниот број потоа продолжи забрзано да расте.

Особено внимание привлече фактот што Флик следи само 27 профили – официјалниот профил на Барселона и сите 26 фудбалери од својот тим.

Покрај фотографијата, Флик објави и две „сториња“. Во првата ја изрази својата радост поради приклучувањето на Инстаграм, додека втората ја посвети на жртвите од трагичната железничка несреќа во шпанската покраина Толедо.

„Здраво, навивачи на Барселона! Многу сум среќен што ќе можам да споделувам со вас моменти од секојдневниот живот во Барса. Ви благодарам многу за поддршката. Да живее Барса!“, напиша германскиот стратег во својата прва објава.

Флик ја заврши пораката со поздрав на каталонски јазик, со што уште еднаш ја покажа својата поврзаност со клубот и неговите навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×