Незадоволство во соблекувалната на Јувентус: Спалети премногу зборува, а премалку се тренира!

by bojan
1 минути читање

Раководството на Јувентус застана зад Лучано Спалети по лошиот старт на сезоната, но играчите сметаат дека тренерот мора да сноси одредена вина, сметаат дека на тренинзите има премногу теорија, а недоволно конкретна работа.

По поразот од Џенова, „старата дама“ замина во карантин со цел подобро да се подготви за пресметката против Наполи.

Генералниот извршен директор, Џовани Карневали вчера, пред почетокот на тренингот, одржал остар говор, ги прекорил играчите за перформансите и побарал од сите да преземат одговорност за актуелната ситуација.

„Вакви срамни изданија се неприфатливи. Ние сме Јувентус, запомнете го тоа!“ – порачал Карневали, кој во моментов му дава поддршка ка Лучано Спалети.

Но како што пренесуваат медиумите од Италија, фудбалерите се на мислење дека и тренерот мора да сноси одредена вина.

Како шго објави „Ла Стампа“ соблекувалната е незадоволна од начинот на работа на Лучано Спалети, дел од фудбалерите сметаат дека тренерот премногу зборува, а премалку се посветува на вистинската работа.

Критиките главно се однесуваат на недоволниот интензитет, односно на тренинзите има премногу теорија, а недоволно конкретна работа.

„Тутоспорт“ дополнително ја разгорува ситуацијата, објави дека дел од играчите не се задоволни од сопствената физичка подготовка. Наводно, просторијата за масажа е постојано полна, додека во теретаната има многу слободни места.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×