Осумина повредени пред дербито со Интер, еве кои двајца би можеле да се вратат во последен момент

by bojan
1 минути читање

Милан на најлошиот можен начин ќе го дочека градското дерби, тежок пораз од Болоња со четири примени гола и долга листа на повредени фудбалери.

Овој викенд на програмата во Серија А е големото дерби на Милано, Милан ќе ги одмери силите со Интер.

„Росонерите“ на најлошиот можен начин ќе го дочекаат лутиот градски ривал, вчера примија четири гола од Болоња, забележаа пораз од 2-4, и паднаа од третото на петтото место на табелата.

Рубен Аморим има и долга листа на повредени фудбалери, по синоќешниот пех на Томори, болницата на „Сан Сиро“ сега брои осумина.

По вчерашниот натпревар против Болоња, тренерот изрази надеж дека ќе има на располагање повеќе опции против Интер.

„Мислам дека можеме да вратиме еден или двајца, можеби ќе преземеме и одреден ризик со нив. Ќе видиме“ – порача Португалецот.

Медиумите од Италија пренесуваат дека Габија, Салемакерс, Лофтус Чик и Чуквуезе сигурно ќе бидат во аут, додека најблиску до враќање на терените се Марио Хила и Диего Мореира, додека пак ситуацијата со Адриен Рабио е покомплицирана и неговиот настап останува под голем знак прашалник.

Ротацијата е кратка, па иако Рубен Аморим не сака ова да го користи како алиби, признава дека главниот проблем на Милан во моментов е енергијата.

„„Ни недостигаа енергија, физичка подготвеност и свежина. Големиот број натпревари си го прави своето, а уште од првата минута беше очигледно дека не сме на вообичаеното ниво“ – продолжи предводникот на „росонерите“.

„Континуитет е она што ја прави разликата, а ние се уште не успеваме да го постигнеме. Во сабота ќе се обидеме да ја пронајдеме енергијата што ни недостигаше денеска. Бесмислено е сега да зборуваме за технички или тактички грешки, бидејќи едноставно немавме доволно енергија“.

„Ќе се обидеме да победиме на следниот натпревар“.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×