Компани пуштен од болница, откриено е зошто колабирал

by Стефан
1 минути читање

По неколкудневна неизвесност, конечно е разјаснета здравствената состојба на тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани. Белгискиот стратег минатата седмица колабираше за време на тренингот на вториот тим, а утврдено е дека причината за инцидентот е менингитис.

„Мислам дека ова е најголемата и најдобрата вест за сите нас. Лекарите открија за што станува збор. Се работи за менингитис, кој го предизвикал инцидентот минатиот петок“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

„За неговото закрепнување потребни се одмор и лекови. Убеден сум дека наскоро ќе се врати на клупата целосно подготвен. Ќе добие онолку време колку што му е потребно, како што кажавме уште од самиот почеток. Затоа веднаш и најавивме дека ќе отсуствува неколку недели“, порача Еберл.

На натпреварот против Магдебург, Компани повторно беше заменет од неговиот помошник Арон Денкс. Компани по дијагностицирањето на состојбата е пуштен од болницата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×