Голема железничка несреќа се случи во Шпанија: Сите фудбалски натпревари се одложени! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Страшна вест ја потресе Шпанија, два брзи воза се судрија, околу 50 лица се загинати, а околу 180 се повредени. Шпанската фудбалска федерација реши да ги одложи сите денешни натпревари од купот.

Тешката железничка несреќа се случила утрово во провинцијата Толедо, на пругата што го поврзува Мадрид со јужниот регион Андалузија.

Еден воз удрил во другиот одзади. Два вагона излетале од шините и паднале по насипот покрај пругата. На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и спасувачките служби.

Истрагата е во тек, причините за судирот допрва треба да се утврдат.

Фудбалската федерација на Шпанија реши да ги одложи сите натпревари од националниот куп кои требаше да се играат денеска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×