Мурињо не губи време, уште во авионот по Ел Класико – почнал да се подготвува за Сантандер

by riste
1 минути читање

Шпанските медиуми пишуваат дека стручниот штаб на Реал Мадрид веднаш по победата над Барселона се фокусирал на наредниот предизвик во Ла Лига.

Иако од Класикото до мечот против Сантандер има цела недела, Жозе Мурињо не губел време во прослава на победата на Камп Ноу, уште во авионот почнал да прави анализа како подготовка за следниот предизвик.

Информациите од Шпанија велат дека Мурињо и стручниот во текот на летот го анализирале Ел Класико, ги барале грешките кои ги направиле фудбалерите на Реал со цел да ги елиминираат за следниот меч.

Португалецот на прес-конференцијата по победата над Барса рече: „Ако не го победиме Сантандер во следното коло, бадијала ја победивме Барселона“.

Мурињо максимално го сфаќа секој натпревар, а и не може поинаку знаејќи дека секој кикс може да биде клучен во трката по трофејот од Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×