Необична сцена во Англија: Дрон се појави на теренот и го прекина натпреварот на Арсенал (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Необичен инцидент го одбележа дуелот меѓу Флитвуд Таун и Арсенал во англискиот Лига куп, откако натпреварот беше накратко прекинат поради дрон кој летал над стадионот.

Арсенал гостуваше кај Флитвуд, но судијата во еден момент реши да ја прекине играта откако забележа дрон над теренот.

Арбитарот веднаш ги повика капитените на двете екипи за да ги информира за ситуацијата. По кратката пауза, условите за игра беа исполнети, па натпреварот продолжи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×