Закажан итен состанок во Јунајтед, две имиња се во игра

by Стефан
1 минути читање

Менаџерската позиција на Мајкл Керик е сериозно загрозена, а Манчестер јунајтед денеска закажал итен состанок. Управата сè уште нема донесено конечна одлука за неговиот статус, но јасно е дека наскоро би можел да добие отказ. Раководните лица веќе ги разгледуваат опциите за негов наследник.

Англиските медиуми наведуваат дека на маса има само две реални имиња, Јулијан Нагелсман и Еди Хау, кои се слободни на тренерскиот пазар. Унаи Емери и Фабијан Хирцелер се по вкусот на управата, но тие со Астон вила и Брајтон се натпреваруваат во Европа, па засега нема индикации дека би сакале да ги напуштат своите клубови.

Изворите додаваат дека конечната одлука сè уште не е донесена, но извесно е дека управата нема да чека до ноемвриската пауза за да го смени Керик.

Изоставувањето на капитенот Бруно Фернандеш од составот за новиот болен пораз од Борнмут дополнително ја влоши ситуацијата. Претходно, Португалецот јавно го критикуваше Керик поради тактиката во поразот од Комо.

Јунајтед сезонава има само две победи, против Сабах и Ипсвич, а во Премиер-лигата се наоѓа на 16. место со само седум бода. Има еден бод повеќе од Нотингем форест и Ковентри, кои се под линијата за опстанок, и два бода повеќе од последнопласираниот Сандерленд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×