ФФМ се огласи за трите поништени гола на дербито во Гостивар!

by Стефан
1 минути читање

Дербито меѓу Шкендија и Вардар во Првата македонска фудбалска лига заврши без голови (0-0), но натпреварот го одбележаа три поништени погодоци и неколку спорни моменти.

Најпрво, во 30. минута беше поништен гол на Шкендија, додека Вардар во финишот од средбата двапати ја затресе мрежата на противникот, но ниту еден од погодоците не беше признат. Вториот гол на „црвено-црните“ беше поништен во 89. минута, а третиот во судиското продолжение, во 93. минута.

По натпреварот, со реакција се огласи Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), од каде што потврдија дека сите три ВАР-интервенции биле исправни и во согласност со Правилата на фудбалската игра.

Од федерацијата објаснија дека со помош на офсајд-линиите правилно биле утврдени недозволените позиции во сите три ситуации, нагласувајќи дека судиите на теренот и ВАР-судиите имале добра координација и правилно го примениле протоколот.

„И покрај обидите за поинакво прикажување на судењето, остануваме цврсто посветени на регуларноста на натпреварувањето, со доследно почитување на Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот“, се наведува во реакцијата на ФФМ.

Видео од трите спорни ситуации можете да погледнете [ТУКА].

Можно е и ова да ти се допаѓа

×