Вечерва ќе дознаеме кој е најдобриот фудбалер во 2026 година, а една информација укажува на тоа дека можеби Ламин Јамал нема да ја освои „Златната топка“.
Имено, новинарот Санти Оваље откри дека Пау Кубарси нема да патува на доделувањето на наградите за најдобрите во 2026 година, што би можело да значи дека тој нема да биде прогласен за најдобар млад фудбалер во светот, туку таа награда ќе му припадне на Ламин Јамал.
Тој потсети и дека еден ист фудбалер не може да освои две награди истовремено, што значи дека на Јамал му следува „Копа трофејот“, кој се доделува на најдобриот млад играч. Ѕвездата на Барселона го освои ова признание и во 2024 и во 2025 година.
„Изгледа дека Пау Кубарси не е на списокот, што би можело да биде навестување за тоа кој нема да го освои ‘Копа трофејот’. Ако Кубарси не го освои, сè упатува на Ламин. Досега никогаш не се случило освојувачот на ‘Копа’ воедно да ја освои и ‘Златната топка’“, изјави Оваље.
Се чини дека главни кандидати за најпрестижното индивидуално признание се Килијан Мбапе, кој индивидуално беше најдобар од сите и најдобар стрелец во сите натпреварувања на Светското првенство, во Ла Лига и во Лигата на шампионите, иако не освои ниту еден од тие трофеи, како и Хари Кејн, кој исто така имаше неверојатни бројки и ги освои Бундеслигата и Купот на Германија.