Уште колку газдите ќе имаат трпение за Керик? И Борнмут го посрамоти Јунајтед! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во осмото коло од англиската Премиер лига, во терминот од 15 часот се одиграа четири натпревари, а во нив Манчестер јунајтед доживеа ново разочарување и загуби Борнмут на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ повторно одиграа лошо и на крајот беа поразени со 3-0.

Гостите целосно доминираа на натпреварот, а поведоа во 38. минута, кога стрелец беше Рајан. Само пет минути подоцна, Таверние го постигна и вториот гол за целосна катастрофа на домаќините уште во тој момент. Она што е особено поразително за Јунајтед е фактот што навивачите на „Црвените ѓаволи“ почнаа да го напуштаат „Олд Трафорд“ уште на полувремето.

До крајот на натпреварот видовме уште еден гол, а овој пат стрелец беше Еванилсон, по комична реакција на одбраната на Јунајтед. Останува да се види уште колку долго Мајкл Карик ќе остане на клупата на Јунајтед по најновиот дебакл.

На останатите три средби, Ливерпул го совлада Брајтон со 2-0, Њукасл со истиот резултат славеше на гости кај Кристал палас, додека Хал и Брентфорд ремизираа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×