Мурињо откри како ја надмудри одбраната на Барселона!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид синоќа оствари исклучително важна победа откако со 2-1 славеше против Барселона во првото Ел Класико оваа сезона.

Реал Мадрид сега дојде на -3 бода од првото место и сам си ја крои судбината за титулата во Ла Лига.

Жозе Мурињо уште еднаш ја покажа својата големина, Португалецот на прес-конференцијата откри и дел од своите тактички решенија.

„Му реков на Камавинга дека Чуамени ќе стои пониско и ќе ја штити дефанзивата, а ти ќе нападнеш простор во нападот“, вели Мурињо и продолжува:

„Тешко е за било кој напаѓач да нападне простор против Барселона, единствено решение е тоа да го направат вашите играчи од средниот ред“.

„Кога тоа го прават напаѓачите, дефанзивата на Барселона е подготвена и тренирана за тоа, вашите напаѓачи завршуваат во офсајд или доавањата ги сече голманот Жоан Гарсија“.

„Решение е да ги користите фудбалерите од средниот ред како Камавинга и Белингем да ги кршат линиите и тоа фунционираше“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×