Неколку часа пред доделувањето на „Златната топка“ во Лондон, ниту клубовите ниту фудбалерите не знаат кој ќе биде овогодинешниот добитник, тврди шпанското радио „Кадена СЕР“. Поради тоа, во главните табори секој верува во својот фаворит.
Како што пренесува „Кадена СЕР“, во Баерн Минхен веруваат дека наградата ќе ја освои Хари Кејн. Во репрезентацијата на Шпанија и Барселона се убедени дека признанието ќе му припадне на Ламин Јамал, додека во Франција и Реал Мадрид очекуваат победа на Килијан Мбапе.
Според информациите на ова радио, организаторите и оваа година го чуваат името на победникот во тајност до самото прогласување.
Мбапе вчера остави одличен впечаток пред доделувањето на престижното признание, откако Реал Мадрид, предводен од францускиот напаѓач, славеше со 2:1 на гостувањето кај Барселона во „Ел Класико“. Сепак, овој дуел нема никакво влијание во денешното доделување на наградата бидјеќи победникот е веќе избран и треба само да биде соопштен.
Свечената церемонија за доделување на „Златната топка“ започнува вечерва во 21 часот во лондонскиот „Паладиум“.