Втора победа на Македонија У15 на СП 7+1 во Баку

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години ја забележа втората победа на Светското првенство во форматот 7+1 кое се одржува во Баку, Азербејџан, ја совладавме селекцијата на Малта со 3-1.

Македонските надежи одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до триумфот. Стрелци за Македонија беа Доротеј Христов во 24. минута, Стефан Стојаноски во 29. и Дин Рожајац во 32. минута. Единствениот гол за Малта го постигна Деклан Замит во 13. минута.

Избраниците на селекторот Горан Станковски досега забележаа две победи, пораз и реми на турнирот. Во првиот натпревар Македонија ја совлада Панама со 4:1, потоа загуби од Чад со 1:2, додека во третото коло одигра нерешено 2:2 против Кенија.

По дуелот со Малта, македонската селекција ја очекува и последниот натпревар од групната фаза против Нигер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×