Напаѓачот на Баерн Минхен и англиската репрезентација, Хари Кејн ја доби најпрестижната индивидуална награда за најдобар фудбалер, Златната топка. Вечерва на свечена церемонија во Лондон беа прогласени најдобрите на годината во фудбалскиот свет.
Главната награда ја доби Хари Кејн, Англичанецот имаше фантастична сезона со многу голови и три освоени трофеи и сосема заслужено дојде до Златната топка, a исто така тој ја однесе и наградата за најдобар голгетер во сезоната.
Кај дамите за најдобра беше прогласена Алексија Путељас која така се израмни со Aитана Бонмати со по три златни топки во кариерата.
Наградата за најдобар тренер во машка конкуренција ја доби Луис де ла Фуенте кој со Шпанија го освои Светското првенство.
Најдобар тренер на женски тим е Пере Ромеу кој ги предводи дамите на Барселона.
Наградата за најдобар голман ја доби чуварот на мрежата на шпанската репрезентација, Унаи Симон. А, најдобра голманка е Ката Кол.
За најдобар талент во машка конкуренција е прогласен Ламин Јамал. Тој трета година по ред ја освојува оваа награда.
Во женска конкуренција оваа награда ја доби Вики Лопез, таа и минатата година беше најголемата талентка.
За најдобар женски клуб е прогласена Барселона, а за машки тим e ПСЖ.
Наградата за фер-плеј ја доби играчот на Арсенал, Букајо Сака.