Ден на домаќините во ПМФЛ, победи за Шкупи, Брера и Гостивар

by
2 минути читање

По неочекуваниот пораз во минатото коло, Шкупи им се врати на победите откако на свој терен ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Шкупи дојде во водство со гол уште во четвртата минута на Дуду, тоа беше и единствениот погодок во првото полувреме.

Трапановски по осум минути игра во вториот дел зголеми на 2-0, а Илиевски во 61. минута намали на 2-1. Победата за Шкупи ја запечати Илиески на пет минути до крајот.

Брера со гол на Ѓорѓиевски во втората минута од судиското продолжение ја победи Воска со 1-0.

Гостивар со 2-1 славеше над Тиквеш. Потук во петтата минута донесе водство за домаќините, а Вареловски во 70. изедначи на 1-1. Осум минути подоцна Кехинде погоди за победа на домаќините.

Резултати 27. коло:

Шкупи – Македонија ЃП 3-1

Брера – Воска 1-0

Гостивар – Тиквеш 2-1

Утре

Работнички – Вардар

Струга ТЛ – Брегалница

Шкендија – Силекс

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани