Немаше победник на мечот во Куманово, Башкими и Брегалница одиграа 1-1, Шкендија Арачиново со 2-0 победи на гостувањето кај Арсими во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Натпреварот тргна добро за Башкими, поведоа во 27. минута со гол на Фавзи. По еден одличен центаршут на Капланај од левата страна, Фавзи со глава му даде гол на Јашар.
Израмнувањето стигна во 72. минута кога Масакое искористи една грешка на домашниот голман и ја смести топката во мрежата на Башкими.
Арачиновци уште еднаш покажаа дека се пријатното изненадување оваа сезона. Запишаа нови три бода, овојпат со триумф кај Арсими.
Двата гола паднаа во второто полувреме, првиот беше дело на Дашмир Елези, а вториот на Бесир Демири.