Барса со пресврт го победи Атлетико среде Мадрид!

by riste
1 минути читање

Барселона оствари исклучително важна победа откако со 2-1 славеше на гостувањето кај ривалот Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид имаше фуриозен старт на мечот, почнаа фантастично, но како одминуваше мечот Барселона ги преземаше конците на овој дуел.

Резултатот беше отворен во 10. минута кога по убава асистенција на Алварез, Џулијано Симеоне постигна гол за водство на Атлетико од 1-0.

Пред самиот крај на првиот дел, фудбалерите на Атлетико направија грешка која ја искористи Фермин Лопез и израмни на 1-1.

Во второто полувреме Барселона беше таа која играше подобро. Во 66. минута Фермин Лопез даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа на Барселона од 2-1.

Барселона по 12 кола е на чело на табелата во Ла Лига со 33 бодови, но сега Реал Мадрид е втор со 30, Атлетико Мадрид падна на третата позиција со 28 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×