Нов драматичен меч на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4-4, домаќините на неверојатен начин се спасија од пораз.
Емери и неговите играчи може да жалат што не си заминаа дома со три бода, двапати водеа со по два гола разлика и на крајот треба да се задоволат само со бод.
Астон Вила тргна фуриозно, по само неколку секунди игра Алисон даде гол за водство од 1-0, а во четвртата минута веќе беше 2-0 за гостите откако погоди и Џексон.
Манчестер Јунајтед брзо се врати во игра, во 16. минута Бруно Фернандеш погоди од пенал за 1-2, а до крајот на првиот дел гол даде и Тилеманс за 2-2.
Почетокот на второто полувреме беше налик на првиот дел. По три минути игра Мекгин ја врати предноста на Вила, а пет минути подоцна Горецка реализираше за водство на Вила од 4-2.
Се чинеше дека гостите ќе го добијат овој меч, но Зиркзе даде гол во 92. минута за 3-4 и го врати Јунајтед во игра.
Во 96. минута Доргу постигна гол за конечни 4-4. Јунајтед се спаси од пораз.