Лестер конечно попушти, Манчестер јунајтед ќе го направи Мегваер најскапиот дефанзивец во светот!

by
1 минути читање

„Ѓаволите“
практично цело лето се обидуваат да го ангажираат Хари Мегваер, но Лестер одби
лесно да се откаже од фудбалерот и постави висока цена од 90-95 милиони фунти.

„Лисиците“ на
крајот сепак направија компромис, речиси сите медиуми од Англија попладнево
пренесоа дека двата клуба постигнале договор и Англичанецот ќе стане најскапиот
дефанзивец во светот.

Се говори за
трансфер од 80 милиони фунти (одредеи извори пишуваат за 85 милиони) плус уште неколку милиони во бонуси
со што ќе биде надминат рекордот на Вирџил ван Дајк, за кого Ливерпул плати 75
милиони фунти.

Сега 26 годишниот
Хари Мегваер треба да ги договори личните услови со „ѓаволите“ и да ги помине редовните
лекарски прегледи за официјално да биде потврден трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани