Серафимов и Левски со минимална победа, Динамо Загреб со „петарда“ и пораз за Звезда

by bojan
1 минути читање

Левски Софија на нашиот Никола Серафимов стигна до победа од 1-0 над Каират Алмати, Динамо Загреб со 5-0 го збриша Жалгирис, додека пак Црвена звезда со 0-1 загуби од Хапоел Бер Шева.

Денеска започна третото коло во квалификациите во Лигата на шампиони, а слободно може да се каже дека еден клуб веќе е во плеј-офот.

Динамо Загреб со 5-0 го збриша Жалгирис и практично обезбеди настап во следната рунда.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Зајц го отвори резултатот а во 33. минута МекКена зголеми на 2-0.

На стартот од вториот дел, Лисица реализираше за 3-0, Стојковиќ донесе 4-0, за во последните мигови од мечот Качавенда да ги постави конечните 5-0.

Левски Софија на нашиот Никола Серафимов со минимални 1-0 го совлада Каират Алмати, стрелец на голот беше Сержињо во 92. минута.

Црвена звезда со 1-0 загуби од Хапоел Бер Шева и покрај тоа што половина час играше со играч повеќе. Ахмед донесе минимална предност за клубот од Израел пред реваншот во Белград.

Резултати 3. коло во Лигата на шампиони:

Арарат – Цеље 2:1
Мјалби – Слован Братислава 1:2
Хапоел Бер Шева – Црвена звезда 1:0
Левски – Каират Алмати 1:0
Динамо Загреб – Кауно Жалгирис 5:0
Олимпијакос – НЕК Најмеген 0:0
Ројал Унион СЖ – Бодо/Глимт 3:3
Спарта Прага – Лион 2:1

ФОТО: X/GNK Dinamo

Можно е и ова да ти се допаѓа

×