Марсека покажа класа: Му се извини на Челси, а ќе плати и компензација

by bojan
1 минути читање

Енцо Мареска му се извини на Челси за тоа што заминал среде сезона, вели дека немал намера да му создаде проблеми на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Попладнево, Енцо Мареска и официјално беше именуван за наследник на Пеп Гвардиола на кормилото на Манчестер Сити.

Но соопштението на „граѓаните“ некако падна во втор план откако се огласија од Челси и жестоко распали по стратегот.

Тие директно го вперија прстот во Енцо Мареска за слабата сезона, и лошите резултати ги препишаа на оставката која Италијанецот ја поднесе среде сезона.

И не само тоа, тие открија дека уште минатата есен биле информирани за едно вакво сценарио, односно Енцо Мареска да го замени Пеп Гвардиола на тренерското столче на „Етихад“.

Самиот Италијанец сега се обиде да ја спушти топката, призна дека погрешил и се извини.

„Одлуката да си заминам од Челси беше исклучиво моја. Со мојата оставка се отвори можност да дојдам во Манчестер Сити, клуб што одлично го познавам. Навистина сум среќен што сум дел од Манчестер Сити“ – вели Енцо Мареска.

„Свесен сум дека моето заминување среде сезоната му создаде проблеми на Челси и искрено се извинувам поради тоа. Никогаш не ми беше намерата, ниту пак желба, го доведам клубот во таква ситуација!“.

Во соопштението на Челси исто така стоеше дека компензација ќе им плати Манчестер Сити, но и самиот Енцо Мареска.

Изминатиов период низ медиумите кружеа гласини кои велеа дека „граѓаните“ ќе платат околу 20 милиони евра (17 милиони фунти) за ангажман на Енцо Мареска, a очигледно и самиот стратегот од сопствен џеб ќе одвои плус некој милион за да ги подмачка нарушените односи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×