Манчестер Сити официјално го потврди назначувањето на Енцо Мареска за нов предводник на тимот.
Италијанскиот стратег потпиша тригодишен договор со „граѓаните“, кој ќе важи до летото 2029 година.
„Манчестер Сити е клуб кој многу добро го познавам и можноста да го водам овој тим е фантастична прилика за мене. Сити е неверојатно добро организиран фудбалски клуб. Сè што прават е иновативно, добро испланирано и со јасна цел. За еден тренер тоа е идеална ситуација, бидејќи обезбедува стабилност која ми е потребна за да ја работам мојата работа на најдобар начин.
Ова ќе биде мој трет престој тука. Го познавам клубот, ги знам барањата и очекувањата. Квалитетот на луѓето кои работат овде е тоа што го прави Сити посебен и сакам да им се заблагодарам за довербата во моите способности. Едвај чекам да започнам со работа со играчите. Сакам да победуваме, да играме добар фудбал и да уживаме во притисокот кој го носи претставувањето на Манчестер Сити“, изјави Мареска.
Веднаш по објавата на Манчестер Сити со реакција се јави и Челси кој откри дека Мареска уште во текот на есента го информирал клубот дека постои можност тој да го наследи Гвардиола бидејќи имал информации дека заминува.
„Минатата есен, клубот беше информиран од нашиот поранешен главен тренер дека постои можност тој да го наследи Пеп Гвардиола на крајот од сезоната. Стана јасно дека неговата голема желба била да го наследи Гвардиола и дека бил целосно посветен на остварување на таа можност, и покрај фактот што имаше долгорочен договор со клубот кој немаше право еднострано да го раскине.
Во декември 2025 година, нашиот главен тренер неочекувано и ненадејно поднесе оставка од функцијата. Очигледно, се почувствувавме разочарани, бидејќи верувавме дека неговите мисли и неговото срце биле насочени кон друг клуб и друга можност, иако само една година претходно пристигна во Челси.
Ниту еден клуб не сака да го менува својот главен тренер во текот на сезоната. Сепак, имајќи ја предвид неговата одлука да не продолжи да ги исполнува своите обврски до крајот на сезоната, клубот немаше друг избор освен да ги заштити своите играчи, навивачите и грбот на Челси, и да ја прифати неговата оставка.
Исто така Челси потврди и дека отштета покрај Сити платил и самиот Мареска.